Алкалоид и овој пат им излезе во пресрет на сите корисници кои негуваат здрави животни навики, воведувајќи го најновиот производ во палетата на додатоци во исхраната БиоКрил Актив.
Криловото масло се добива од антарктичкиот крил (Euphausia superba).
Антарктичкиот крил е полупроѕирен рак доминантно присутен во Антарктикот, кој го добил своето име според норвешкиот термин krill, што значи храна за китовите.
Euphausia ѕuperba се наоѓа на самото дно во ланецот на исхрана и може да се најде само во недопрените води на Антарктичкиот Океан, каде што нема акумулација на загадувачи.
Методот за ловење на крилот е патентиран и гарантира квалитет, а истовремено спречува улов на други животни.
Антарктичкиот крил има многу потентни дигестивни ензими и практично се самоуништува пред да може да биде обработен. Со технологијата за еко-жнеење, ракчето крил се испорачува на бродот живо и обработувањето започнува веднаш.
Специјалниот механизам го одвојува непотребниот улов и го ослободува без тој да биде повреден.
- рибино масло, од кое се добива триглицеридна форма на омега 3;
- крилово масло, од кое се добива фосфолипидна форма на омега 3.
Што содржи / што е карактеристично во маслото од крил?
Две огромни предости на криловото масло во однос на рибиното масло:
1. Омега 3 масни киселини во форма на фосфолипиди.
2. Природен антиоксиданс – астаксантин.
Функцијата на фосфолипидните масни киселини во организмот е многу значајна затоa што тие се есенцијални за формирање на клеточните мембрани на сите постоечки животи на земјата. Всушност, дел од мастите во нашите сопствени клетки се во фосфолипидна форма.
Функцијата на триглицеридите во телото се разликува од таа на фосфолипидите. Триглицеридите се користат главно како енергија или за складирање енергија во масните ткива, па, така, дозата од триглицеридни омега 3 масни киселини мора да биде доволно голема за да ја компензира загубата во депоата и да обезбеди доволно количество достапно на клеточно ниво.
Фосфолипидните омега 3 масни киселини се многу поефикасно искористени од човечкото тело затоа што подлежат на поедноставна дигестија и апсорпција во споредба со триглицеридните омега 3 масни киселини. Потребни се многу помалку фосфолипидни од триглицеридни омега 3 масни киселини за да се постигне еднаква биорасположивост во телесните клетки и органи. Резултатот е следен – помали капсули со крилово масло, кои се полесни за голтање, од капсулите со рибино масло.
Уште една придобивка од подобрата дисперзија на криловото масло во стомачните течности е отсуството на гастроезофагеален рефлукс (подждригнување), кој е многу честа појава кај луѓе кои консумираат рибино масло.
Астаксантинот е помоќен антиоксиданс од витаминот Е и од коензимот Q10!
Стабилноста на производите богати со омега 3 масни киселини и нивната склоност кон оксидација, поради бројноста на двојните врски, се добро познати предизвици. Астаксантинот многу успешно ги супримира слободните радикали и процесот на оксидација. За разлика од другите производи со омега 3 масни киселини на кои им се додаваат антиоксиданси во процесот на нивното производство, астаксантинот природно е содржан во криловото масло. Хемиски претстаува каротеноид, па, така, црвената боја на капсулите со крилово масло е поради неговото присуство.
БиоКрил Актив се употребува за заштита од срцеви заболувања и од атеросклеротични промени. Дејствува позитивно врз намалување на вкупниот холестерол и на LDL-фракцијата (лошиот холестерол), а дејствува превентивно врз HDL-фракцијата (добриот холестерол).
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА Возрасни 2 капсули (1000 mg крилово масло) на ден, земени со чаша вода. Употребата на Биокрил Актив истовремено со лекови за намалување на холестеролот, како што се статините, може да доведе до нивен подобар ефект. Секогаш може да се употребува паралелно со другите мерки за подобрување на животниот стил.
1. Што содржи БиоКрил Актив?
Секоја капсула БиоКрил Актив содржи 500 mg чисто крилово масло, кое е богато со омега 3 масни киселини во форма на фосфолипиди и антиоксиданс астаксантин.
2. Што се омега 3 масни киселини?
Омега 3 масните киселини се полинезаситени (со повеќе двојни врски) масни киселини, кои играат важна улога во повеќето процеси во човечкиот организам. Тие се есенцијални затоа што нашиот организам не може сам да ги синтетизира и мора да се внесуваат преку храна или преку додатоци во исхраната.
3. Што се EPA и DHA?
Здравственaтa корист од омега 3 масните киселини EPA (еикосапентаеноична) и DHA (докосахексаеноична) се добро документирани. Истражувањата покажуваат дека EPA и DHA имаат голем број корисни биолошки ефекти, како што се превенција на срцеви заболувања и намалување на мастите во крвта.
4. Што се омега 3 фосфолипиди?
Уникатна карактеристика на БиоКрил Актив е тоа што голем дел од омега 3 масните киселини се во фосфолипидна форма. Повеќето додатоци во исхраната со омега 3, коишто содржат рибино масло, овозможуваат омега 3 масни киселини во триглицеридна форма.
Фосфолипидите играат важна улога во клеточните мембрани и во клеточните процеси. Последователно, омега 3 фосфолипидите се значајни за структурата и за функцијата на органите. Масните киселини во форма на ТГ главно се наоѓаат во масните ткива каде се извор на енергија за човечкото тело. Омега 3 фосфолипидите се подобро искористени од организмот за разлика од омега 3 триглицеридите. Можно објаснување за тоа е следното:
- поголема растворливост на фосфолипидите во водната средина во цревата;
- различна дистрибуција во ткивните органи;
- различно преземање и искористување од ткивата.
5. Дали и другите производи содржат oмега 3 фосфолипиди освен БиоКрил Актив?
Омега 3 фосфолипидите се наоѓаат и во рибиното масло и во други морски производи. Исто така, присутни се и во мајчиното млеко.
6. По што се разликува БиоКрил Актив (крилово масло) од рибиното масло?
Криловото и рибиното масло се разликуваат во две основни сегменти. Прво, рибиното масло скоро и да не содржи омега 3 фосфолипиди. Всушност, при процесот на производство на рибиното масло се отстрануваат омега 3 фосфолипидите. Второ, БиоКрил Актив е природно богат со моќниот антиоксиданс – астаксантин.
7. Од каде потекнува црвената боја во капсулите БиоКрил Актив?
Црвената боја потекнува од природниот антиоксиданс – астаксантин.
8. Дали антиоксидансот астаксантин се содржи во самото крилово масло или дополнително се додава во текот на производството на капсулите БиоКрил Актив?
Антиоксидансот астаксантин природно се содржи во криловото масло. Микроскопскиот фитопланктон (микроскопските алги) којшто е голем извор на омега 3 масните киселини е извор и на астаксантинот, па, така, крилот хранејќи се со него, се обогатува со антикоксиданс.
9. Генерално, се препорачува јадење риба. Дали БиоКрил Актив може да замени јадење риба?
БиоКрил Актив ги содржи истите значајни омега 3 масни киселини коишто се присутни во рибите, како скуша, лосос и харинга.
10. Дали здравствената корист од БиоКрил Актив е научно докажана?
Има доста солидни научни истражувања кои покажуваат дека маслата кои содржат омега 3 масни киселини, EPA и DHA, (присутни во БиоКрил Актив) се корисни за одржување на здраво срце и на здрав кардиоваскуларен систем. Докажано е дека БиоКрил Актив позитивно влијание и врз мозочните функции и врз централниот нервен систем.
11. По колкав временски период може да се очекуваат првите резултати?
Првите резултати може да се очекуваат веќе по едномесечна примена на БиоКрил Актив. Меѓутоа, оптимално времетраење на терапијата за коригирање на сите липидни параметри во крвта (LDL, HDL, вкупниот холестерол и триглицеридите) е три месеци.
12. Дали БиоКрил Актив доведува до зголемување/намалување на телесната тежина?
БиоКрил Актив нема влијание врз телесната тежина.
13. Што е крил?
Крил е мало ракче, кое се наоѓа на најниското ниво на синџирот на исхрана и се храни со фитопланктон. Антарктичкиот крил (Euphausia superba) може да расте до 6 cm и да тежи до 2 g.
14. Како живее крилот?
Антарктичкиот крил најголемиот дел од својот живот го поминува во големи, густи роеви, кои се простираат на неколку квадратни километри од океанот. Крилот живее близу површината на океанот и мигрира вертикално низ водното пространство. Тој нурнува во длабочините на водата преку ден за да не биде изеден, а навечер се враќа на површината за да се храни со фитопланктон.
15. Како се размножува крилот?
Крилот ги положува своите јајца за време на антарктичкото лето. Женката може да положи истовремено до 10 000 јајца. Јајцата често се положуваат неколку пати за време на сезоната (јануари и февруари). Оплодувањето се одвива близу површината, јајцата кои се екстремно фертилни тонат до длабочина од 2000 метри или повеќе пред да се изведат. Потоа се искачуваат на површината и започнуваат да се хранат.
16. Кога за прв пат почнало ловењето крил?
Крилот се лови од далечната 1800 година, во водите близу Јужниот Океан и Јапонија.
17. Како се лови крилот?
Затоа што крилот живее во густи роеви, прилично е погоден за ловење со мрежа. Меѓутоа, моќните ензими во крилот почнуваат да ги разградуваат биоактивните состојки во него веднаш штом тој ќе биде уловен и така умира. При традиционалниот улов на крил, голем дел од ракчињата умираат. Техниките за ловење на ракчињата, коишто се користат за добивање БиоКрил Актив, се најсовремени и при тоа го одржуваат крилот жив, поради тоа што тој стои под вода во мрежата во којашто е уловен. На бродот-фабрика, од уловениот крил се качува само онолку колку што може да се обработи во моментот. Ова е патентирана техника на улов при којашто постојано се испорачува свеж крил на бродот, во количина којашто може да се обработи пред да почне процесот на разградување.
18. Дали БиоКрил Актив помага во намалување на холестеролот употребуван во комбинација со диета и со здрав начин на живот?
БиоКрил Актив во комбинација со диета и со здрав начин на живот помага во намалување на холестеролот.
19. Дали БиоКрил Актив смее да се употребува во комбинација со лекови за намалување на холестеролот и на триглицеридите (статини)?
БиоКрил Актив може истовремено да се употребува со лекови против покачен холестерол и триглицериди, односно со статини. Истовремена употреба на БиоКрил Актив и статини го подобрува ефектот на статините.
20. Дали БиоКрил Актив е подобар од другите производи коишто содржат омега 3?
БиоКрил Актив содржи омега 3 масни киселини во форма на фосфолипиди, кои се супериорни во однос на масните киселини од рибино масло. Фосфолипидите од БиоКрил Актив имаат поголема биорасположивост и биоефикасност, односно подобро се искористени од организмот од традиционалните омега 3 масни киселини, содржани во останатите производи со омега 3 масни киселини.
21. Дали БиоКрил Актив е 100% природен препарат?
БиоКрил Актив е природен препарат кој содржи масло екстрахирано од Euphausia superba, коешто живее во најчистите води на Антарктикот.
22. Дали БиоКрил Актив прави несакани ефекти?
Досега не се познати несакани ефекти предизвикани од производот БиоКрил Актив.
23. Дали се добива рефлукс (подждригнување) од БиоКрил Актив?
Рефлуксот (подждригнување), кој е доста честа појава при примање капсули од рибино масло, отсуствува при употреба на производот БиоКрил Актив. Ова се должи на добрата дисперзивност на фосфолипидите во стомачните течности.
24. Кога се пие БиоКрил Актив, пред или по јадење?
БиоКрил Актив може да се пие пред и по јадење. За подобра дигестија, препорачливо е БиоКрил Актив да се пие по јадење.
25. Дали БиоКрил Актив пречи кога истовремено се употребува со други лекови?
Пациенти кои пијат лекови против згрутчување на крвта треба да разговараат со својот лекар и да направат тест пред да почнат да пијат БиоКрил Актив.
26. Дали смеам БиоКрил Актив да го давам на моето дете?
БиоКрил Актив е наменет за возрасни над 18 години.
27. Дали можам да се предозирам со БиоКрил Актив?
Согласно со препорачаната дневна доза од БиоКрил Актив од 1g (2 капсули од 500 mg) дневно, не е познато предозирање.
28. Дали БиоКрил Актив се продава во земјите на ЕУ и по кои цени?
Криловото масло се продава во земјите на ЕУ и во САД, по цена којашто се движи од 25 до 30 евра, зависно од производот.
29. Дали сите производи кои содржат крилово масло се исти?
Сите производи кои содржат крилово масло не се исти. Производите може да се разликуваат:
- по начинот на производство на криловото масло;
- по содржината на масните киселини EPA и DHA;
- по содржината на фосфолипидите и по содржината на антиоксидансот астаксантин.
30. Дали БиоКрил Актив може да го пијат пациенти кои имаат дијабетес?
БиоКрил Актив смеат да го пијат дијабетичари.
31. Од каков вид желатин се направени меките желатински капсули на БиоКрил Актив?
Капсулите на БиоКрил Актив направени се од телешки желатин.
32. Дали лицата коишто се алергични на морски производи смеат да пијат БиоКрил актив?
Лицата коишто се алергични на морска храна, поточно на ракови, треба да разговараат со својот лекар и да направат тест пред да почнат да користат БиоКрил Актив.
33. Дали криловото масло содржи жива и останати тешки метали?
Антарктичкиот крил – Euphausia superba живее во најдлабоките и најчистите води на Антарктикот, па, затоа, маслото кое се екстрахира од крилот не содржи жива и други тешки метали.
34. Дали БиоКрил Актив може да се купи во аптека без лекарски рецепт?
БиоКрил Актив е додадок во исхраната којшто може да се купи во аптека без лекарски рецепт.
35. Дали производот БиоКрил Актив може да го пијат бремени жени и жени кои дојат?
Бремени жени и жени кои дојат треба да се консултираат со својот лекар пред да почнат да го пијат овој производ.