За нас

Приказната на „Becutan“ е цврсто втемелена врз љубовта и грижата кон децата, а самото име настанува како синергија од два збора: BEBE + CUTIS (lat. површински слој на кожата).

Почнувајќи од 1978 година, брендот „Becutan“ со само 5 производи станува неизоставен дел од детството на илјадници деца. По повеќе од четири децении постоење, „Becutan“ е сè уште доследен во одржувањето на врвниот квалитет на сите свои производи, што е најцврст темел за нашата долгогодишна традиција и сè уште е синоним за нежност и врвна нега кој се пренесува од генерација на генерација.

Денес портфолиото на „Becutan“ содржи над 30 основни типови производи со над 50 различни форми на пакувањa. Сите производи се клинички и дерматолошки тестерани и се развиени во соработка со педијатри и со дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет кои соодветствуваат со Европските директиви за квалитетен производ наменет за нега на детската кожа. Производствениот процес е подложен на константна проверка на влезните материјали и готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP - стандардите (Good Manifacturing Practice) стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија. Носечки сегмент на портфолиото се производите наменети за нега и заштита на бебешката и детска кожа со исклучително благи формулации изработени по уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето.

Достапни на повеќе од 10 пазари во светот, со продадени повеќе од 250 милиони парчиња производи, „Becutan“ е синоним за традиција, постојан квалитет, доверба и лојалност. Лидер во колекцијата е детскиот крем со продадени над 50.000.000 парчиња.

Она што го прави „Becutan“ навистина посебен и ја потврдува неговата цврста позиција на пазарите е колективна перцепција за него како домашен бренд, што исто така укажува на силната врска со крајниот купувач, секако градена низ децениите. Нашата постојана работа и растот на „Becutan“ и понатаму продолжуваат, а појдовна и крајна точка на сè што правиме е нашата искрена љубов кон децата.

Нежно уште од првиот допир...