Шампон и пенливо средство за капење 2во1 за другарчињата на Биби и Боби

Идеалана комбинација на два производи за нега и хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.

Составот на производот е збогатен со комбинација на активни материи од природно потекло кои имаат благо дејство и овозможуваат двојната намена на производот во целост да биде прилагодена кон потребите на детската кожа и коса. Една од состојките, Glyceryl Oleate, припаѓа на групата биолипиди и е физиолошка состојка во кожата, а како составен дел на овој производ овозможува одржување на биолипидниот баланс на кожата и придонесува за подобрување на нејзината заштитината функција.

Алое вера екстрактот делува смирувачко, односно заштитув од појава на иритација и црвенило, а Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење, истовремено придонесува косата да биде еластична и сјајна. Екстрактот од пченични ‘ркулци ја заштитува кожата од сушење и влијае на подобрувањето на нејзината мекост и еластичност. Оваа состојка има веќе докажано дејство и кога е негата на косата во прашање, пченичните ‘ркулци придонесува за зајакнување на влакното, овозможувајќи косата да биде мазна, мека и сјајна. Производот содржи и благ регенератор.

Со своето двојно дејство, овој производ овозможува негата на детската кожа и коса да биде едноставна, а притоа во целост прилагодена кон нивните потреби. По капењето кожата ќе биде нежна и мака, а косата лелава и сјајна.

ДОСТАПНОСТ

300 ml
Шампон и пенливо средство за капење 2во1 за другарчињата на Биби и Боби