Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
35 невистини поврзани со доењето
Честото доење доведува до слаба продукција на млеко и негово постепено губитење.
Бебето го прима млекото во првите 5 до 10 минути.
Тоа е точно, но не може да се генерализира. На некои бебиња, особено при првите подои, потребно им е повеќе време.
Бебето во почеток има потреба од 6 - 8 подои.
Нема ограничување во бројот на подоите. Доењето е единствено условено од способноста на мајката да создава млеко како и од потребите на бебето.
Никогаш да не се буди бебето за да цица.
Постарото бебе само ќе се разбуди кога ќе огладне, но во првите недели по раѓањето потребно е да се буди, со цел да се овозможат барем осум подои дневно.
Потребно е доењето да биде организирано во строго одредени временски интервали, за да се создаде одреден ритам.
Метаболизмот на бебето е организиран и прилагоден на потребите на бебето, и според тоа, нема потреба од наметнување на строг ритам на доење. Кога бебето ќе посака да цица, тогаш треба да цица.
При секој подој, доењето да биде од двете гради.
Тоа не е правило и не важи за сите бебиња. Некои ги задоволуваат своите потреби и со цицање од една града.
Ако бебето не напредува тоа е резултат на “слабо” млеко.
Дури и потхранети мајки создаваат млеко кое ги задоволува квалитативните и квантитативните потреби на бебето.
Слабото создавање на млеко се должи на стрес, замор или неправилна исхрана.
Најчеста причина за слабо создавање на млеко се нередовните подои или лошата поставеност на бебето при доење.
Мајката треба да пие многу млеко за да создава доволно млеко.
Здравата исхрана е добра за создавање на млеко, заедно се оброците богати со зеленчук, овошје, житарици и протеини. Калциумот пак, може да се внесе преку многу други намирници (темно зелен зеленчук, бадеми, риба).
Мајката не треба постојано да го дои бебето.
Напротив, доењето не е само начин да се задоволат нутритивните потреби на бебето, туку овозможува и емоционално поврзување на бебето со мајката, развој на орофацијалниот дел од лицето, пролонгира аменореа кај мајката, се избегнува конфузијата кај бебето помеѓу цуцли и града.
Не постои конфузија помеѓу брадавка и цуцла.
Напротив, во првите недели многу лесно може да дојде до забуна кај бебето, ако истовремено цица и се дохранува со цуцла. Доењето и цицањето од шише создаваат различни движења на орофацијалниот дел.
Чести подои може да предизвикаат развој на постпартална депресија кај мајката.
Постпартална депресија се должи на варирање во нивото на хормоните кај мајката после породување, најчесто испровоцирана е со замор или недостаток на социјална поддршка од околината. Обично се јавува кај жени кои и пред бременоста имале такви проблеми.
Мајка која често го држи бебето може да го разгали.
Држењето во раце, играњето, капењето се важни за нормалниот развој на бебето.
Некои бебиња се алергични на мајчино млеко.
Мајчиното млеко е најприродно и физиолошки најпогодно млеко, наменето за бебето. Ако бебето покажува алергија на мајчиното млеко, причина за тоа, најверојатно е некој протеин кој се излачува во млекото, а кој мајката го внесува преку нејзината исхрана.
Честото доење доведува до појава на дебелина во подоцнежната возраст на детето.
Напротив, исхрана со адаптирано млеко и ран внес на друга храна претставуваат ризик фактор за појава на дебелина во подоцнежна возраст.
Некои жени не можат да произведуваат доволно млеко.
Обично мајката создава повеќе млеко отколку што му е потребно на бебето. Доколку бебето цица, а не напредува, тоа се должи на недоволното цицање од страна на бебето, а не на недоволното создавање млеко од страна на мајката.
Доењето е болно.
Напротив, доењето не треба да боли. При првите подои можно е мајката да почувствува болка, но веќе по воспоставувањето и регулирањето на процесот на доење, мајката не треба да чуствува болка. Болката обично се јавува заради неправилна позиција на бебето во текот на подојот или појавата на габична инфекција.
Бебето треба да се дои по 20 минути на секоја града.
Нема правило за времетраењето на подојот. Треба да се прави разлика помеѓу доење и бебе кое е на града. Тоа е индивидуално за секое бебе.
На бебе кое цица му треба дополнително вода.
Напротив, бебето преку цицањето ги задоволува своите потреби за вода, така што нема потреба од дополнителен внес на вода.
Пред секој подој мајката треба да ги измие брадавките.
Самото млеко содржи материи кои го штитат бебето од инфекција, така што нема потреба пред секој подој да се мијат брадавките. Со често миење се отстранува заштитниот слој на маснотии на кожата и се олеснува продор на бактерии во кожата.
Мајчиното млеко не содржи доволно количество на железо.
Со правилна исхрана на мајката се обезбедува доволна количина на железо во првите шест месеци, за бебе кое е на доење.
Полесно е бебето да се храни со шише отколку да се дои.
Не е точно, во почеток доењето е поврзано со потешкотии, но тие лесно се совладуваат со поддршка од околината.
Модерните адаптирани млека се исти како мајчиното млеко.
Адаптираните млека се само имитација на мајчиното млеко, но не може комплетно да го заменат. Тие не содржат антитела, клетки кои учествуваат во одбрана на организмот од инфекции, фактори на раст и ензими. Адаптираните млека содржат повеќе алуминиум, манган, кадмиум и железо отколку мајчиното млеко. Протеините и мастите се разликуваат од тие во мајчиното млеко.
Ако мајката има инфекција треба да прекине со доењето.
Со исклучок на ретки ситуации, мајката треба да продолжи со доење затоа што истовремено создава и заштитни материи кои се излачуваат преку млекото и го штитат бебето од инфекција. Ако се случи бебето да се разболи, тоа полесно ќе ја преброди инфекцијата доколку се дои.
Ако мајката прима лекови треба да прекине со доење.
Постојат мал број на лекови кои се пречка за понатамошно доење. Секогаш постои можност за замена на еден лек со друг кој не се излачува преку млекото, за да може мајката да продолжи со доењето.
Мајчиното млеко може изненадно да престане.
Постојат дневни варијации во количината на млекото (наутро-навечер) која се излачува, но изненаден прекин на млекото не е возможен. Промени во продукцијата на млеко може да се јават во одредени ситуации: кога бебето има зголемени потреби, при промена на однесувањето на бебето околу петтата т.е шестата недела кога заспива при намален проток на млеко, мекост на градите која нормално се појавува после неколку недели од почеток на доењето, кога бебето се дохранува со шише или користи цуцла лажалка./li>
Бебе кое се дои често има стомачни колики.
Мајка која прима вакцина треба да прекине со доење во тек на 24 часа.
Мајка која дои треба да јаде за двајца.
Не е точно. Внесот на калории на мајката која дои треба да е зголемен само за 500 калории. Но, докажано е дека и мајките кои нормално јадат, создаваат доволна количина и квалитет на млеко.
Мајка која дои треба да пие многу вода.
Напротив, мајка која дои треба да ја задоволува својата жед, но не да претерува со внесот на течности./li>
Мајка која пуши цигари не треба да дои.
Мајка која имала операција на градите не може да дои.
Мајка со мали гради создава малку млеко.
Мајка која дои не смее да прима контрацепција.
Хормонските таблети влијаат на продукцијата на млекото, а во многу мала количина се излачуваат во млекото.
На бебе кое се храни со доење, после шестиот месец му е потребен внес на друго млеко.
Напротив, бебето може да се дои до две години. Мајчиното млеко се прилагодува на потребите на бебето кое расте и постојано се менува.