Becutan сет за ноќ

Becutan сетот за ноќ е составен од четири производи од портфолиото на Becutan кои ќе овозможат основна нега и хигиена на вашето малечко во текот на ноќта.

  • Шампон и пенливо средство за капење Becutan 2 во 1 со масло од лаванда (200 ml) – збогатен со природно масло од лаванда, нежно ги чисти косата и чувствителната детска кожа. Благодарение на лавандата и нејзиниот релаксирачки мирис, производот е особено препорачлив за вечерно капење и добар сон. По миењето косата станува сјајна и лесна за расчешлување.
  • Крем Becutan Sensitive SOS (75 ml) – идеален за нега и заштита на најчувствителната детска кожа која се соочува со состојби кои бараат интензивна нега и брзи резултати на подобрување. Формулацијата претставува комбинација од внимателно избрани состојки, како на пример ланолинот, пчелиниот восок, глицеринот, пантенолот и цинк оксидот, кои дејствуваат синергетски и обезбедуваат интензивна нега и хидратација на кожата, а воедно ја заштитуваат од агресивни надворешни услови какви што можат да бидат ветерот и студот.
  • Детски сапун Becutan со лаванда (90 g) – темелно ја чисти и ја негува детската кожа. Има блага формулација збогатена со природни состојки кои имаат хидратирачки својства, а и ги подобруваат нејзиниот изглед и функција.Екстрактот од лаванда покрај својството да ја негува кожата, има пријатен мирис и дејствува исклучително смирувачки.
  • Влажни марамчиња Becutan со камилица (20/1) - обезбедуваат темелна хигиена и тонизација на детската кожа. Хидратантната емулзија, која, исто така, содржи екстракт од камилица, ја штити кожата од сушење и од иритација. Се препорачуваат за употреба и кај возрасни со чувствителна кожа.

ДОСТАПНОСТ

/
Becutan сет за ноќ