Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Правила за учество во програмата за лојалност и политика за собирање поени
Програмата на лојалност подразбира регистрирање на потрошувачите во систем и евиденција на нивните остварените поени со цел добивање на промо подарок, кој е дел од активна промотивна акција во моментот на аплицирање.
Поените се собираат со секое купување Becutan производи во сите продажни места (продавници) на територијата на Република Северна Македонија, преку сликање на фискалната сметка и прикачување на фотографијата во соодветното обележано поле на самата веб апликација.
- За купени производи Becutan во вредност од 100 денари, се добиваат 10 поени.
100 ден. = 10 поени.
Поените се собираат кумулативно, со секое следно Ваше најавување и приложување на фискалната сметка се собираат со претходно остварените поени.
НАПОМЕНА: Доколку кумулативниот износ на купени Becutan производи на една или повеќе сметки е помеѓу две заокружени стотки, бројот на поени се пресметува на принцип:
- помало или еднакво на 49 денари (се заокружува на претходната стотка во низата)
- поголемо или еднакво на 50 денари (се заокружува на следната стотка во низата)
Пример:
*Доколку износот од една или повеќе сметки изнесува 649 денари, на потрошувачот му следуваат 60 поени.
* Доколку износот од една или повеќе сметки изнесува 650 денари, на потрошувачот му следуваат 70 поени.
Поените се користат исклучиво за добивање на промо подарок за една избрана акција. По завршетокот на акцијата, сите поени собрани во текот на избраната акција се бришат.
- Поените не можат да се користат за купување на производи во малопродажни објекти.
- Поените не можат да се заменат за готовина.
- Поените не можат да се подарат, да се префрлат, или на друг начи, да се направат достапни за кое било друго лице, освен за лицето кое е регистрирано во програмата за лојалност.