Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Пеленски осип
Пеленскиот осип е чест кај бебињата во тек на првата година, а најчесто помеѓу 9 - 12 месец и често се поврзува со постојаната влажност во пеленската регија. Може да се појави и после започнување со дохрана на бебето или доколку бебето прима антибиотици. Ретко може да се појави кај бебе кое е на доење доколку мајката консумира одредени видови на храни.
- Започнување со дохрана на бебето.
- Промена на видот на пелените кои ги користите.
- Промена на прашакот за перење или на омекнувачот.
- Бактериска или габична инфекција – поради тоа што топлата и влажна средина која е присутна во пеленската регија е добра подлога за развој на бактерии и габи.
- Чувствителна кожа како атописки дерматитис или егзема.
- Триење на кожата.
- Употреба на антибиотици.
- Црвенило, отечена и напната кожа во пеленскиот регион – газето, бутовите и гениталиите.
- Бебето се чувствува непријатно, често е вознемирено, а при бањање на газето со вода или при бришење бебето плаче.
- Најважно е пеленската регија да се чува сува и чиста преку често менување на пелените.
- При секоја промена на пелените исплакнете ја пеленската регија само со вода, и нежно впијте ја водата со пешкир, при тоа да не ја триете кожата.
- Не користете влажни марамчиња за хигиена на пеленската регија.
- Може да користите заштитна крема со цинк оксид која се нанесува во тенок слој на зафатената кожа неколку пати во тек на денот. Оваа крема може да се користи и на здрава кожа како превенција од појава на пеленски осип.
- Оставете ја пеленската регија отворена без пелени да се суши.
- Избегнувајте пластични гаќички или тесни пелени.
- Користете поголем број на пелени додека не се смири осипот.
Пеленскиот осип обично поминува за неколку дена и нема потреба да се оди на лекар, но доколку ги приметите следниве знаци јавете се кај вашиот педијатар:
- Тешка форма на осип.
- Осипот се влошува и покрај преземените мерки.
- Се појавува температура.
- Се појавуваат гнојаници и меурчиња.
- Поспаност на бебето.