Нега на кожа

Бебешките препарати за нега на кожата треба да обезбедат природна заштитна бариера, да ја штитат од надворешни влијанија, да ја одржуваат влажноста и да спречува размножување на патогени микроорганизми.

Бебешката кожа која создава помалку себум и пот не бара често миење како кај возрасните. Се препорачуваат благи сапуни со pH 4 - 6, благи лосиони со додатоци на овлажнувачи и масни купки без специјални додатоци за сува кожа.

  • Бебешките препарати за нега на кожа не треба да содржат иританси или можни алергени.
  • Пределот на пелените и прегибите се особено чувствителни кон оштетување на површинскиот слој и надразнување.
  • За пределот на пелените поради честото миење се препорачува користење на овлажнувачи кои ќе ја одржуваат нормалната влажност, а ќе ја штитат од оштетувања.
  • За другите регии на бебешката кожа употребата на средства за нега зависи пред сè од карактеристиките на кожата.
  • Нормалната кожа треба да користи емолиенти на база на вода кој создава лесен немасен обложувачки слој.
  • Осетливата кожа е подложена на кожни иритации, чешање и црвенило, па затоа тука се препорачуваат емолиенти кои не содржат можни алергени.
  • Ако кожата е сува се користат емолиенти.
  • Во топли предели, високи надворешни температури и користење на топла облека се препорачуваат емулзии, кои имаат повеќе вода (масти во вода), со што, се спречува прекумерно задржување на топлина и оштетување на кожата.

Зошто специјална нега

Кожата која го покрива организмот треба да се чува здрава и колку што е можно помалку да се нарушува. Нанесувањето на агенси локално на површината на кожата лесно и брзо се ресорбираат поради недостатокот на интерклеточни врски. Големата површина исто така ја олеснува апсорпцијата и токсичноста на супстанциите што се нанесуваат на кожата. Бебешката кожа лесно може да доведе до електролитен дизбаланс, воден дизбаланс и термонестабилност.

Бебешката кожа особено е чувствителна на средствата за чистење, бидејќи тие содржат силни хемикалиии, кои ја сушат кожата. Затоа, треба да се користат производи кои се наменети за бебиња.

Сувоста на бебешката кожа често се јавува поради неадекватноста на епидермалната бариера.

Одржување на здрава кожа и превенција од изложување на токсични супстанции ќе му обезбедат на детето здрава кожа во подоцнежниот живот.